Нови 126 жртви од Ковид-19 во Турција, вкупно 1.769

0
82

Бројот на починати од коронавирусот во Турција порасна во последните 24 часа за 126, на вкупно 1.769 лица, изјави денес турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тоа е скоро на исто ниво како и претходниот ден, кога бројот на смрни слулаи изнесуваше 123, пренесе „Ројтерс“.

Бројотна новозаразени од коронавирус во изминатите 24 часа пораснал за 4.353, на вкупно 78.546, навел Коџа.

Тоа е благ пад во однос на претходниот ден кога бројот изнесувал 4.801 новозаразен.

Според зборовите на министерот Коџа, вкупно 8.631 се излечени од коорнавируос, а извршени се 40.270 тестови на Ковид-19 во таа земја.

Извор Канал5