Почна пуштањето на граѓаните од задолжителен државен карантин, засега никој нема Ковид-19

0
74

Сто и педесет и три лица од вкупно 210 кои се сместени во државен карантин на Попова Шапка се пуштени да си одат дома. Претходно биле лекарски прегледани, па иако никој од пуштените немаше симптоми на коронавирусот, мора да продолжат во самоизолација во домашни услови. Пуштањето на лицата од Попова Шапка го следеше и заменик-министерот за внатрешни работи.

„Ги прегледуваат пред да го напуштат државниот карантин и да продолжат уште 14 дена во самоизолација во нивните домови. Дури и возачот кој ќе дојде да ги земе и тој ќе мора да биде во самоизолација.“

Нухиу најави дека на местото на лицата кои од денеска ги напуштаат хотелите на Попова Шапка се очекува да дојдат други лица за кои ќе треба да помине истата процедура.

„Очекуваме утре да дојдат 180 граѓани кои дошле од скандинавските земји, а има најави и за наши државјани кои ќе полетаат од Италија, има предлог граѓаните кои доаѓаат од Италија да имаат 20 дневен карантин, но сè уште не е официјално. Таа одлука ќе ја имаме утре.“

Извор АлсатМ