Просветниот инспекторат задоволен од спроведувањето на он-лајн наставата

0
82

Онлајн наставата се одвива во речиси сите училишта низ земјава. Контролите во училиштата се вршат електронски преку прашалници. Ваква е проценката на државниот просветен инспекторат кои ја следат работата на сите училишта за време на вонредната состојба, но без вршење притисок врз наставниците.

Од инспекторатот велат дека забелешки биле регистрирани само за учениците и наставниците кои поради тешката економска состојба, не се вклучиле во онлајн наставата. Ним ќе им се поделат картички за мобилен интернет од 10 гигабајти.

Во меѓувреме, наставата се врши преку разни платформи зависно изборот на наставникот. Хатиџе Топали од О.У „Пенко“ веќе три недели држи настава со помош на апликацијата „Зум“. Вели дека тоа е најдобриот начин да остане во контакт со учениците.