Уставен суд наскоро ќе расправа за СЈО, судии, Закон за буџет…

0
86

Уставниот суд на Република Македонија на седница која треба да се одржи на 28 април ќе расправа за шест точки меѓу кои и за СЈО, судии, Закон за буџет, примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба…

Ќе се разгледуваат иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на следниве шест точки:

1. – Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

2. Уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба.

3. – Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

4. Уредба со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите.

5. Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

6. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Извор Република