Филипче – Влегуваме во критична фаза, ќе расте бројот на заразени од Ковид-19

0
95

Поставена е нова организација на комуникација во Министерството за здравство поради новонастаната ситуација, но сите процеси во борбата против коронавирусот остануваат под максимална координација меѓу сите институции, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку онлајн конференција.

Тој рече дека периодов за сите прашања со јавноста ќе комуницира онлајн од домашни услови и дека во секое време ќе биде достапен за прашањата на медиумите, но дека ќе комуницира и со сите колеги во Комисијата за заразни болести.

Вчера министерот за здравство Филипе, заедно со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, беа на средба со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за кој денеска по добиените резултати беше објавено дека е позитивен на коронавирус. Тројцата министри од денеска се во домашна изолација.