Филипче: Во случај на коронавирус во институциите, системот ќе продолжи добро да функционира

0
80

Земениците на министрите или директорите се дел од Владата. Целокупниот системот ќе продолжи добро да функционира, а институциите ќе ја вршат својата работа, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, прашан за тоа што ако некој од Владата се разболи од коронавирусот Ковид 19.

Во рамки на нашиот тим во Министерството за здравство на почетокот на март разговаравме за оваа работа. Гледаме многу примери во странство и постојат повеќе сценарија. Едни сценарија во кои дел од инволвираните во целиот овој процес на менаџирање, можат и во состојба на самоизолација да ги менаџираат работите, изјави Филипче.

Министерот за здравство изрази надеж дека нема да се случи некоја посериозна форма.

Ако тоа се случи, системот на заменици министри, на директори на институции е тој кој практично е целосно вклучен во овој систем, со секојдневни разговори и консултации. Сакам јасно да кажам и да ги уверам граѓаните дека и во такво сценарио, целокупниот системот ќе продолжи добро да функционира, институциите ќе ја вршат својата работа, рече Филипче.