67-годишен маж обвинет за полов напад врз дете

Гостиварското обвинителство отвори истага против 67-годишен маж за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

„Осомничениот делото го сторил на 2 април 2020 година, кога искористувајќи го претходното познанство со детето – жртва, го повикал во простории на старо училиште. Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне“,

соопштија од обвинителството.