ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУС: Во Македонија мажите побројни

0
31

Во Македонија поголем е бројот на починати мажи од коронавирусот, за разлика од жените.

Ако ги погледнеме бројот на починатите 77 лица, 51 смртен случај има кај лица од машки и 26 кај лица од женски пол.

Од починатите најголем дел или 49 лица биле на возраст над 60 години. Кај 57 од жртвите се регистрирани коморбидитети.

Од вкупно 1.465 потврдени случаи на Ковид 19 во земјава, 695 се машки, а 770 женски лица.

Ова се податоци од Институтот за јавно здравје.

Извор Фактор