Ирански воен брод погоден во „пријателски оган“, има загинати

Иранската фрегата Jamaran тестирала нови проектили за соборување бродови кога го погоди логистичкиот воен брод Konarak, пренесува BBC повикувајќи се на ирански медиуми.

Полуофицијалната иранска новинска агенција Fars објави дека само еден морнар загинал во инцидентот, а неколкумина биле повредени „за време на вежба“. Сепак, бројни светски медиуми известуваат дека загинале најмалку 20 морнари во „пријателски оган“.

Инцидентот се случил во близина на теснецот Хормуш, а Fars пишува дека станува збор за „судир“.

Неофицијални извори велат дека Jamaran испалил проектил прерано и дека Konarak немал време да се оддалечи.

Во јануари годинава иранскитe сили соборија ирански патнички авион во близина на Техеран, кога загинаа 176 луѓе.