Ким Јонг Ун се појави во јавност

0
35

Отсуството на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун предизвика шпекулации околу неговото здравје. Сега Ким наеднаш се појави во јавност.

Ким Јонг Ун исчезна од јавноста пред околу три недели. Сега севернокорејскиот властодржец, според ифнромациите на државните медиуми во земјата, повторно се покажал во јавност. Тој вчера учествувал на свеченост по повод отворањето на една фабрика за ѓубрива, северно од Пјонгјанг.

Весникот „Родонг Синмун“ објави фотографии од Ким, на кои е прикажано како тој во темен Мао-костум сече црвена лента, или со насмевка се шета обиколен од функционери.