Вучиќ: Го замолив Пендаровски да не зборува за темата Србија-Косово, но тој ѝ се умилкува на Германија

0
188

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во изјава за локалната телевизија „Нова“, реагираше на коментарот на македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој за еден приштински медиум изјави дека се противи на идејата за корекција на границата меѓу Белград и Приштина.

„Единствена работа која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше да не зборува за темата Косово и Србија. Тие нормално, спротивно од тие молби направија сѐ да се истакнат во тоа умилкување кон Германија“, рече Вучиќ.

На изјавата на Пендаровски реагираше и српскиот министерот за одбрана, Александар Вулин кој на Пендаровски му порача „да молчи на јазикот кој не му го признава никој, освен Србија, а на други јазици уште повеќе да молчи оти никој ниту го бара ниту го прифаќа неговото мислење“.