Коронавирус: САД спуштија рампа за патниците од Бразил

0
84

Бројот на инфицирани од коронавирусот во Бразил брзо се зголемува веќе со недели. САД се алармирани. Владата во Вашингтон воведе широки ограничувања за влез во САД на луѓето од јужноамериканската земја.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, забрани влез за странците кои доаѓаат од Бразил, земјата која е втора во светот по САД по бројот на потврдени случаи со коронавирусот. Трамп и порано забрани влез во САД за патиците од Кина, Европа, Велика Британија и од Ирска и во помал обем од Иран. Тој не презеде потези да ги забрани патувањата од Русија, која има трет најголем број заразени со коронавирус во светот.

Трамп минатата недела рече дека разгледува да ги ограничи патувањата од Бразил. Претставничката за печат во Белата куќа, Кејли Макинани изјави дека овој чекор е објавен синоќа и претставува уште една одлучна акција на Трамп за да ја заштити земјата. „Денешната одлука ќе помогне да се обезбеди странските државјани кои биле во Бразил да не станат извор на дополнителни инфекции во нашата земја“, изјави Макинани.