Нетанјаху предупреди на нови избори во Израел

0
90

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика израелскиот Врховен суд да не се меша во неговите напори за формирање коалициска влада, предупредувајќи дека одлуката против него може да ја одвлече земјата на четврти последователни избори за нешто повеќе од една година. Нетанјаху го изјави ова откако судот веќе втор ден по ред ги разгледува жалбите против коалицискиот договор. Говорејќи пред новинарите за состојбата поради пандемијата со коронавирусот, тој се му се обрати на судот да не се меша во политички работи. „Постои волја на народот, јасен израз на волјата на народот“, рече Нетанјаху, оценувајќи дека уште едни избори би биле катастрофа за земјата.

Одлуката на судот се очекува подоцна оваа недела и од неа ќе зависи дали Израел ќе ја прекине долга политичка парализа и Нетанјаху и неговиот поранешен политички ривал Бени Ганц ќе направат влада. Судот разгледува две клучни прашања: дали политичар што се соочува со злосторства како Нетанјаху може да формира влада и дали коалицискиот договор со Ганц е нелегален.