Повеќе од 100 луѓе се заразиле со Ковид-19 на миса во Франкфурт

0
89

Германските власти се обидуваат да ги пронајдат сите кои присуствувале на црковна миса во Франкфурт овој месец, откако 107 лица имаа позитивен тест на коронавирусот.

На црквите во покраината Хесен, каде е и Франкфурт, им беше дозволено да држат миси од 1 мај годинава доколку се почитуваат ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот како социјална дистанца и носење маски.

„Оваа ситуација покажува колку е важно да останеме будни и да не стануваме безгрижни, особено сега при намалувањето на ограничувањата. Вирусот е се уште тука и ќе се шири“, изјави министерот за здравство на Хесен, Кај Клозе. Тој рече дека властите се обидуваат да ги идентификуваат сите кои присуствувале на мисата во Баптистичката црква во Франкфурт на 10 мај, за да се спречи ширење на заразата.

Се уште не е јасно дали сите 107 заразени со вирусот присуствувале на мисата, или пак бројката ги вклучува луѓето кои биле инфицирани од оние кои биле таму.

Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Германија се искачи на 178,281; а вкупниот број на жртви досега е 8,247.