Полицискиот час не се почитува во голем број места низ земјава

0
91

Во текот на вториот ден од целосен карантин, граѓаните слободно се движат низ улиците на Скопје. Отворени се и продавниците, каде што некои луѓе чекаа ред. Некои деца возат велосипеди, други играат фудбал во населба. Има такви кои својот гнев кон забраната за слободно движење ја изразуваат со музика …

Една од најфреквентните улици на главниот град, во општина Чаир, не остана празна дури и на вториот ден од Бајрам.

Само неколку метри од полицискиот пункт, во една од населбите во Скопје, може слободно да се дојде и да се купи хамбургер за време на полицискиот час.

Од МВР велат дека ситуацијата ја држат под контрола. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев напиша дека вчера за неносење маски од 5 часот наутро до 11 часот, полицијата изрекла 82 казни.

„Од вчера во 11 часот, кога започна полицискиот час до утрово, 104 лица не ја почитуваа забраната за слободно движење. Од нив, 76 беа приведени, а против други ќе има соодветни мерки“, вели Чулев.

Според полицискиот извештај, во последните 24 часа се потпишани 29 решенија за изолација низ целата земја, и 13 други за самоизолација. Во меѓувреме, во државен карантин се ставени 23 лица. Нашата камера и во Куманово и во Арачиново снимаше слична ситуација на непочитување на полицискиот час. Оваа 42-часовна забрана ќе трае до вторник во 5 часот.

Извор АлсатМ