Скопјанец тешко повреден од сограѓанин во физичка пресметка во Охрид

0
83

Инцидентот се случил попладнево околу 17.30 часот во куќа на улица “Кузман Капидан”, каде дошло до физичка пресметка помеѓу две лица од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во тепачката бил употребен остар предмет, а едно од лицата се здобило со тешки повреди.

Напаѓàчот кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот во сериозна здравствена состојба е пренесен во Општата болница во Охрид.