Спасовски: Избори 22 дена по завршување на вонредната состојба – тоа е фактичка состојба

0
89

Преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје ќе може да зборуваме и сите вообичаени активности да ги спроведеме така, како што очекуваме. А таква активност сигурно би биле и претстојните парламентарни избори. На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на фунцкионирање на државата.

Ова на денешната прес-конфренреција го истакна техничкиот премиеро Оливер Спасовски додавајќи дека датумот е детерминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба.

-Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избори во Република „Северна“ Македонија. И тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу створени услови, рече Спасовски.

Според него, една од одговорностите на Владата е да направи колку што е можно побргу да се обезбеди „новата нормалност“ на граѓаните. Рече дека сите оние кои се спротивставуваат на ова придонесуваат Македонија да остане во социјална, здравствена и економска криза.