Според бројот на заразени , Бразил се најде на второто место во светот , зад САД

0
116

Бразил ја надмина Русија со 330.890 луѓе заразени со коронавирус и е на второто место во светот, зад САД.

Во Бразил, вчера се регистрирани 1.001 починати од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 21.048, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Но, Ројтерс известува дека вистинскиот број и на заразени и на смртни случаи во Бразил е веројатно поголем бидејќи земјата дури сега ги засили тестовите.

Во Сао Паоло, најтешко погодениот град, видеата од дрон прикажаа редови на отворени парцели на гробиштата Формоза, а ваквите слики се придружени со сè поостри критики кон екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за пандемијата и продолжување на уништување во дождовните шуми во Амазон, со што се продлабочува политичката криза во Бразил.

Од почетокот на епидемијата, Болсонаро изгуби двајца министри за здравство, откако изврши притисок да се промовира раната употреба на антималариски лекови како што се хлорохин и хидроксихлорокин. Неколкумина високи експерти за јавно здравје исто така заминаа, а многумина биле заменети со војници, од кои генералот Едуардо Пазуело, како привремен министер за здравство, ги одобри новите упатства за поширока употреба на овие лекови во поблагите случаи.

Извор Канал5