Студија: Хлорокин не делува против Ковид-19

0
77

Лекот против маларија кој претседателите Трамп и Болсонаро го фалат како волшебен лек против инфекција со коронавирусот не е погоден за лекување на Ковид-19. Истражувачите дури велат дека го зголемува ризикот од смрт.

Сеопфатна анализа на податоци, според извештајот во научното списание „Лансет“, ги потврдува резултатите од помалите студии дека лековите за маларија хлорокин и хидроксихлорокин веројатно не се погодни за третман на пациенти од Ковид-19. Напротив, медикаментите може да ја зголемат стапката на смртност и да доведат до повеќе срцеви аритмии, известуваат истражувачите од САД и од Швајцарија во списанието „Лансет“. Тие анализирале податоци од околу 96.000 пациенти, од кои речиси 15.000 примиле еден од лековите посебно или во комбинација со антибиотик.

Критични ефекти особено во комбинација со антибиотици

Авторите се залагаат за користење на средствата само во контекст на клинички студии и внимателно проверување на придобивки од нив. Во моментов се водат бројни клинички студии во кои попрецизно се проверува нивната ефикасност.

Резултатите на тимот предводен од Мандеп Мехра од Медицинскиот факултет Харвард не упатуваат на корист од лековите. Податоците за пациентите во студијата потекнуваат од 671 болница на шест континенти.