УЧК “распука” кон ДУИ

0
99

Хазби Лика, еден од основачите на ДУИ, кој цело време имаше бујна политичка кариера во оваа партија со многубројни позиции, како министер, градоначалник, заменик и неодамна вицепремиер во владата предводена од Зоран Заев, како што зборуваат во тетовски колуари веќе долго време има раскинато со ДУИ, и заедно со своите најблиски веќе преминал во редовите на опозициската Алијанса на Албанците на Зиадин Села.

Несогласувања со политиките на ДУИ започнаа пред неколку години, продолжувајќи до пред неколку месеци кога тој поднесе оставка од вицепремиерското место, иако ДУИ продолжи да останува во владата.

Според нашите сигурни извори, дознаваме дека и други познати личности кои се блиски со екс вицепремиерот Лика, веќе преминале на страна на Зиадин Села.

Се зборува дека и Рафиз Алити- Командамжнт Мсуси поранешен пратеник и потпретседател на Собранието од Сарајскиот огранок на ДУИ, одамна раскинал со партијата на Али Ахмети, а како причина се наведуваат кавгите со актуелниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети.

Според истите извори дознаваме дека поради партиски несогласувања по кроењето на кандидатските листи за пратеници предложена од страна на ДУИ, веќе пет разграноци од Oгранокот Сарај најавија непослушност кон партијата, инаку како што дознаваме се под контрола на Рафиз Алити, и кои се спремни да “Распукат” кон ДУИ на следните избори. Слично расположение надвладува и во други ограноци на ДУИ.

Вчера како што јавија електронските медиуми на албански јазик, веќе екс кандидатот за Градоначалник на Боговиње, Берзат Бејтулахи, познат како Командант Заки, кој истовреме бил долгогодишен претседател на Огранокот на ДУИ во Боговиње веќе официјално премина на кампот на Села и Таравари. Ова веќе го има потврдено Генералниот Секретар на Алијансатa, истовремено Градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, кои што објави и фотографија заедно со Заки, кој што бил во придружба заедно и со близок соработник на екс вицепремиерот Лика.

Наредните денови се очекува и други познати личности, блиски на Хазби ЛИКА, од Огранокот на ДУИ, ВО Теарце да ја напуштат кормилото на ДУИ и да се вклучуваат на тандемот Села – Таравари, но намерно не дават повеке информации, бидејки преговорите се во тек и не сакат да влијаат на исходот на истите, но од други извори дознаваме дека се работи за извесниот Командант Лули, кој што бил близок соработник на Лика во мандатот кога бил Градоначалник на Тетово.

Од Алијанса на Албанците, потврдуваат дека има нови трансфери, но не откриваат имиња, а за подетални информаци велат дека јавноста ке биде информирана навреме. А од другата страна сите овие кои ѓшто се озборува и се уште се немаат изјаснето, и не се достапни за јавноста.

Треба да се напомене дека од пред некое време голем број познати личности од ДУИ веќе преминале на страната на Села, камо на пример екс пратениците Зулфи Адили од Студеничане, и Хајрула Мисини, познат како Командант Шпати./Глaс.мк