130 лица не го почитувале полицискиот час за Први мај, приведени 98 лица

0
95

На Меѓународниот ден на трудот – Први мај дури 130 лица низ целата држава биле фатени од полициски патроли дека не го почитуваат полицискиот час. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека биле приведени 98 лица што не ја почитувале забраната за движење, а за останатите лица се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Основните јавни обвинителства ги гонат граѓаните што не го почитувале полицискиот час по член 206 став 1 од Кривичниот законик за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, за што во најголем број случаи се предложени парични казни за прекршителите.

Од МВР информираат дека во изминатото деноноќие на 27 лица им биле издадени решенија за изолација, а 37 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.