Филипче за повлекување од политиката: Сите опции се отворени!

0
115

„Во однос на идните планови јас сум целосно фокусиран сега на овој проблем, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Мислам дека апсолутно, човек генерално, не само во политиката, мора да ги има сите опции отворени“, рече Филипче на крајот од „Емисијата 200“ на Алсат одговарајќи на прашањето дали размислува да ја заврши политичката кариера.

Тој одговори дека укинувањето на полицискиот час и давањето на зелено светло за угостителите да отворат од утре следувало откако во последните две недели процентот на новозаболени не се зголемувал за 6 отсто.

– Ова се планирани мерки веќе подолг период. Сo оглед на тоа што добро се менаџира во здравствениот систем бројката на новозаболени, просекот на новодијагностицирани во целиот оној изминат период не надминува 6 отсто а ние го анализираме периодот од две изминати недели. Токму денеска ја гледавме таа анализа на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести. Ние сме веќе во фаза во која постепено го враќаме животот во нормала, изјави Филипче.

Министерот најави дека следната недела ќе биде периодот во кој ќе се разговара за отворање на границите.

– Може да се случи благ пораст на нови пациенти, но сега имаме добро спремен здравствен систем и можеме да одиме со овие чекори, но огромен дел од заслугата во борбата со корона вирусот е свесноста на граѓаните, рееч Филипче.

Министерот за здравство најави дека од 1 септември ќе се промени и начинот на одржување на настава во училиштата.

– Ќе се работи во повеќе смени, некои програми ќе се одржуваат онлајн, тоа допрва ќе го разработуваме со стручните лица, најави Филипче, кој додаде и дека заштитните маски ќе бидат дел од секојдневието на училиштата.

Во контекст на отворањето на кафулињата и другите угостителски објекти, одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека Владата не носела, односно не разлабавила ниту една мерка во прилог на порано одржување на изборите.

– Тоа ќе биде исто како да влегувате во друг затворен објект, ќе се дезинфицираат рацете, ќе се носи маска и ќе се држи дистанца од два метри. Постојат протоколи и за мали простории, како и до сега.

Извор Фактор