Во полициски час во Куманово четирицикл удрил во 6-годишно дете на велосипед

0
136

Шестгодишно дете од Куманово е повредено откако во него удрил четирицикл. Несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, односно додека во Куманово беше во сила 80-часовниот полициски час.

Настанот се случил на крстосница на улиците „300“ и „360“, а четирициклот со бугарски регистарски ознаки го управувал 46-годишен кумановец.