Загина тракторист во Глоѓи

0
82

Тракторист загина вчера околу 13.30 часот на локалниот пат меѓу селата Јелошник- Глоѓи, на место викано „Црвеница“ во атар на Глоѓи.

Тогаш Љ.С.(53) од селото, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел.

Љ.С. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.