Кафулињата и рестораните од утре ќе можат да служат гости и во своите внатрешни простории

0
105

Оваа музика во угостителските објекти повеќе од 3 месеци е забранета, а со тоа и егзистенцијата на голем број на музичари.

Со новиот протокол, Владата дозволи угостителските објекти да работата и во внатрешните делови но им забранува ангажирање на музички групи кои ќе отсвират акустична музика или ди-џеи. Музичарите со кои поразговаравме велеат доведени се на работ на егзистенцијата, бараат да им се овозможи да бидат ангажирани од страна на угостителите да можат да работат за да продолжат во нормалниот начин на живеење.

Новиот протокол повторно наметнува строги рестрикции за угостителите, велат од Туристичко угостителската комора кои бараат промена на истиот особено деловите со кои им се забранува на угостителите да имаат жива музика, на маса 4 лица од исто семејство како да им се дозволи организирање на свадби и останати прослави согласно здравствените протоколи.

Угостителите и музичарите бараат од Владата нивните мислења да бидат земени со поголема сериозност за да можат да опстанат.