Лекарка специјалист и медицинска сестра се новите заболени од Ковид-19 во Кавадарци

0
78

Лекарка специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на КОВИД-19 во Тиквешијата.

Информацијата за МИА утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.

-Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес, појасни Јовановски.