СТАРИОТ ИСТРОШЕН ВОЛК СО НОВИОТ „ИЗУМ“

0
391

Пишува: Небојша АРСИЌ

Предизборната игранка секогаш започнува со жестоки изјави на било кој од лидерите. Секогаш, секоја од партиите давала ветување или облик на изборен слоган кој нуди амбициозност. А што друго би можело да „запали“ како понуда, ако не некоја националистичка, „патриотска“, сензационална новост која во постизборниот договор за влада таа новост би била и услов за влада. Демократски нели?

Вообичаениот говор на Дуи во секое предизборие стана постојана праксада преку говор на национален сензибилитет навлече гласови кои дотогаш припаѓале на друг, или да ги разбуди оние кои никогаш не излегле на избори или да ги предомисли и оние кои веќе имаат направено избор.. што од сето ова го има смислено Ахмети, дали ќе му успее оваа мамка, се разбира, времето ќе покаже. Но, едно е веќе целосно јасно. Ако одат сите партии на избори доста веројатно е Дуи со своите 10-15 пратеници да биде сигурен парципиент во идната влада. Велам ако учествуваат сите партии бидејќи може да се очекува и бојкот на најголемата опозициска партија Вмро-Дпмне.

Што не очекува по завршувањето на вонредната состојба?

Доколку на следните избори земат учество сите партии, тогаш несомнено Дуи ќе биде моралниот победник. Без Дуи нема влада. Еднаш го вкусивме тоа, само сега е малку подруг моментумот и поентирањето. Тоа се поткрепува и со јавно дадената напомена од страна на лидерот на Дуи, Али Ахмети, дека и двете најголеми македонски партии ќе дојде да чукне на вратата во Мала Речица. Тоа е така реално математички.

Сега се поставува прашањето зошто цели три часа се задржаваа лидерите на Сдсм и Вмро-Дпмне на лидерската средба во вилата кај Претседателот Пенадаровски? Кои теми биле отворени ако не една и главна а таа е „што со заканувачкото Дуи“?

Имено, ваквиот изненадувачко бомбастичен потег на стариот волк Али, ги натера да размислуваат што со Дуи кога однапред и двете најголеми партии во државава се свесни во математичкиот биланс кој секако ги прави практични губитници кога се приморани секако постизборно да се борат со Али. А тој како газда, со виски ќе ги пречекува најпрвин едниот па по дваесет дена и другиот лидер. Немилосрдно ќе игра тактички национал танц, со доста груби движења кои ќе ги пласира во јавност како несекојдневна елеганција од која би требале страствените противници да се мачат а неговите приврзаници да отвораат шампањ секоја вечер во негова чест. И пак на крајот ако не се согласат ниту Сдсм, ниту Вмро-Дпмне, по месец и половина натегања, пресови, камери, чуда..ќе треба повторно на избори.

Мислите дека ова не го пресметале Заев и Мискоски?

Решение за оваа претпоставувачка агонија мора да го изнајдат двајцата лидери уште пред да почнат изборите ако сакаат да им остане бар мал почит од страна на нивните поддржувачи. Оттука веројатно е дека Вмро-Дпмне че оди на бојкот на изборите. Зошто? Не, не.. не поради зголемената бројка на заболени од Ковид19 туку од проста причина како да спасат постизборна циркузијада во која главен забавувач ќе биде Али Ахмети. Бојкотот ќе биде аргументиран пред нивните гласачи поради заштита на здравјето на граѓаните, но и поради фактот дека после септември претстои финансиска криза во државниот буџет. Бар така се најавува.

Ваквиот потег на Мицкоски го исфрла како куфер од игра Ахмети како уценувач за албанец премиер. Тогаш Сдсм-Беса ќе имаат големо мнозинство без да мора во таа влада да ја земат Дуи, а со тоа станува невозможен уценувачкиот услов на Ахмети.

Доколку се случи ваквиот терк на настаните, се поставува и прашањето дали полека Дуи го губи политичкото тло и почнува да го вкусува опозицискиот мирис?

Впрочем и ако бидат дел од идната влада поради бадентер, сигурно ќе биде поразителен бројот на нивните министри и директори во таа влада.

Сепак останува времето да покаже што од сето ова може да се случи, и дали после ваквите избори без најголемата опозициска партија, догодина, со локалните избори заедно да се одржат и предвремени парламентарни избори?

Се е во игра ако се води според претпоставката дека до локалните избори, некој од политичките глувчиња ќе оди постојано по судници, доживува конфискации и лични дискредитации се со цел индиректно перење на политичките партии кои минатите години бевме сведоци на нивните дејанија. Мора некој да оди жртва и да се удави додека некој испливува жив на површина и се додека некој го раководи бродот и надвор од границите. Не смее тој брод да потоне.

Дали постизборните предвидувачки калкулации ќе завршат веднаш по вонредната состојба?

Се наоѓаме само неколку часови пред вистинската разврска. Добро, вие чекајте избори па и резултати!

© Glas.mk