Таравари: Време е Ахмети да се пензионира, а не верувам дека сопственикот на „Еколог“ би влегол во авантурите на ДУИ

0
93

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, вели дека проекрот на Али Ахмети за прв премиер Албанец е тотална демагогија.

-Човекот кој добива доверба од албанските граѓани веќе 18 години, а притоа не им овозможи ништо добро на Албанците, нема политички кредибилитет да зборува за големи идеи, вели Таравари во интервју за „Независен“ .

Тој додава дека е време Ахмети да се пензионира.

„Неговото време заврши, а ние ќе му помогнеме да си замине“, вели Таравари.

Тој додава дека не верува оти сопственикот на „Еколог“, Љазим Дестани, би влегол во авантурите на ДУИ.

„Господин Љазим Дестани е познат бизнисмен, познат во Европа и светот. Не верувам дека со таков кредибилитет би влегол во авантурите на ДУИ, кои веќе се ништожни на политичката сцена. Веруваме, очекуваме и сме сигурни дека коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе бидат сигурни победници на овие парламентарни избори. Тие имаат квалитетни и професионални кадри, докажани во своите професии, подготвени за преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, истакнува Таравари.

Извор Фокус