Угостителите во Охрид и Струга се жалат, кафулињата и рестораните полупразни

0
87

Три недели откако почнаа со работа, угостителските објекти во Охрид и Струга се речиси празни. Угостителите се жалат дека гости има многу малку, а луѓето ретко седнуваат. Под вакви услови и со строгите мерки на работа ќе биде многу тешко да се протурка периодов, велат од здружението на угостители.

„Но, очекуваме прилив на наши гости кои нема да може да излезат надвор од границите на Македонија и со нив некако да ја спасиме сезонава“, изјави Михаил Мишев-претседател на здружение на угостители на Охрид.

Од рестораните велат дека луѓето најчесто седнуваат да се напијат кафе, но не и да ручаат, иако нудат промотиивни цени за да привлечат повеќе гости.

„Како што гледате посетеноста е слаба на локалите, странци немаме, а Охрид живее од странците, па затоа процентуално имаме огромни загуби од 70% и повеќе. Иако сме ресторан, најчесто работиме како кафетерија, но и тие се добредојдени во оваа ситуација кога немаме што да изгубиме и тоа е океј“, рече Трајче Ристевски-менаџер на ресторан.

Во моментот капацитетот на угостителските објекти дозволен за работа е преполовен. На една маса можат да седат најмалку две лица, освен ако се фамилија, па тој број е до четворица. Угостителите велат дека постојано бараат од институциите да променат дел од, како што велат, нелогичностите во сегашните уредби, како што е на пример легитимирањето на гостите за да се утврди дали се од иста фамилија. Инаку дел од рестораните и кафулињата во Охрид воопшто и не отворија под образложение дека во вакви услови работењето би им било неисплатливо.

Извор АлсатМ