Уписите во средните училишта во еден уписен рок, но со проширени термини

0
74

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок. Првите пријавувања се на 16 и 17 јуни, а второто и третото на 24, 25 и 29 јуни 2020 година.

Во Град Скопје велат дека проширувањето на термините се прави за да се овозможи максимална безбедност за сите кои се дел од процесот во време на пандемија на коронавирус. Од учениците, како што се посочува, се очекува да имаат претходно пополнета Пријава, која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.

Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател. Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, одржувањето на два метра физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител, наведуваат од Град Скопје.