Филипче: Можно е јавно објавување на имињата на луѓето кои одбиваат да одат во самоизолација

0
79

Името на секој што ќе треба да оди во самоизолација ќе се објавува на сајтот на министерството за здравство и ќе се смета дека тој ваквото решение мора да го исполни.

На вакво решение размислува министерството откако голем дел од луѓето или не сакаат да ги примат решенијата или пак даваат лажни адреси и телефони, па епидемиолозите не можат да им ги врачат.

Инаку денеска 103 нови случаи се регистрирани како позитивни на ковид 19 и петмина умрени. Направени се 841 тест од нив 123 се од скрининг во градинки каде се покажало дека има четворица позитивни вработени двајца од штип и двајца од охрид.

Најмногу од новозаразените повторно има во скопје 46, во тетово се 17, Струга 9, Куманово Штип и Ресен по 6, Велес и Охрид 3, прилеп 2 и Битола, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Свети Николе по еден. Откако за прв пат во ресен се појави кластер на ноозаболени денеска е одлучено 600 вработени во индустриски капацитети да седат дома две недели.

Најмлада од денеска починатите е 45 годишна скопјанка а во истата болница починала и 73 годишна жена. На инфективна е починат 80 годишен кумановец, на гастроентеро пациентка од Скопје на 74 години и во тетово 65 годишен маж. Бројот на починати се искачи на 193 ца и земјава е високо пред сите во регионот по број на смртни случаи на еден милион жители.

Албанија има 13 на милион жители, црна гора 14, грција 18, бугарија 25, србија 29. За разлика од нив македонија има дури 93 ца мртви на милион жители. Сега СЗО дало нови препораки за како да се евидентираат починатите, па Филипче вели дека можеби ќе се промени методологијата.

Инаку регистрирани се и 13 оздравени пациенти во Скопје двајца во прилеп и еден од Тетово