Прекинато гласањето во Бутел, гласач на владејачка партија го фотографирал гласањето, полицијата го уапси

0
253

Мал инцидент се случил денес на избирачкото место во Бутел, дознава 24 инфо.

 

Според овој медиум, гласач во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Гласачот е уапсен.

На сликаното гласачко ливче заокружен беше кандидатот на владејачката албанска партија.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес е затвор до три години.