СДСМ и понатаму „тесно“ пред ВМРО-ДПМНЕ на 80% пребројани избирачки места

0
397

Cпоред податоците на ДИК, Коалицијата на СДСМ продолжува тесно да води пред ВМРО-ДПМНЕ и партнерите и по 80% од пребројаните избирачки места (2 773 од 3 480).

И во албанскиот политички блок состојбата е непроменета, каде ДУИ води пред Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во проценти, на територијата на целата земја резултатот сега е следен:

СДСМ и коалицијата – 36,54%

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 35,61%

ДУИ – 10,6%

АА/А – 8,31%

Левица – 4,03%

ДПА – 1,4%

Интегра – 1,37%