Нестабилното време ќе потрае до крајот на неделата

Циклонската активност која што вчера ја зафати Македонија се очекува да трае до крајот на неделата, Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд, грмежи, и ветер на целата територија на државата.

Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија. Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското има мало покачување на нивото, Преспанското пак е намалено,а Охридското е во рамки на августовскиот просек.