Во Калифорнија регистрирана една од највисоките температури во светот

0
110

Температура од 54,4 Целзиусови степени е регистрирана во Калифорнија од американската Национална служба за метеорологија, а официјални лица велат дека тоа можеби било едно од најжешките времиња измерено со современи инструменти. Температурата била забележана во националниот парк Долина на смртта, соопшти временската служба, потенцирајќи дека е прелиминарна и сè уште не е официјална. „Доколку се потврди, ова ќе биде највисоката температура официјално потврдена уште од јули 1913 година, исто така во Долината на смртта. Бидејќи ова е екстремен температурен настан, забележаната температура ќе треба да помине официјален преглед“, се вели во соопштението.