Грчките ученици ќе носат маски во училниците , ќе им ги набавуваат училиштата

0
117

Порастот на случаи на коронавирус во последните неколку недели ги натера грчките власти постепено да воведуваат нови ограничувања во борбата против ковид-19.

Министерот за образование, Ники Керамеус, рече дека се очекува учениците да се вратат на училиште на 7 септември, но можно е и да доцни почетокот на учебната година.

Носењето маски ќе биде задолжително во сите училишни простории низ целата земја, рече министерот, додавајќи дека надлежните органи ќе обезбедат бесплатни памучни маски за учениците и наставниците. Ќе има најмногу 17 ученици во секоја паралелка.

Грција вчера објави 284 нови случаи, што е дневен рекорд од појавата на коронавирус во земјата во февруари. Грција бележи вкупно 8664 заразени и 242 жртви