Договор за влада- Заев премиер сега, а сто дена пред избори кадар од ДУИ

0
115

Министри без ресор нема да има, а кој ќе ги води кои министерства се уште не се знае- ова е дел од договорот за нова влада меѓу СДСМ и ДУИ. Извесно е дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде премиер, а сто дена пред избори таа функција ќе ја врши кадар по предлог на ДУИ.

По речиси два часа средба во Клубот на пратениците лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети се договорија- Заев ќе биде премиер, техничката влада која функционираше сто дена пред избори според Договорот од Пржино се укинува, а сто дена премиер ќе биде по предлог на ДУИ и тој нема да биде технички, како досега што беа Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ и Оливер Спасовски од СДСМ.