Државната секретарка Несторовска за ТВ 24: Комисијата во МВР уште ги разгледува актите за амблемите, станува збор за недоразбирање во јавноста

0
131

Државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска тврди дека она што е напишано на Фејбук од министерот за внатрешни работи Агим Нухииу за двојазични амблеми на полициските униформи е недиразбирање во јавноста и истакнува дека во Комисијата во МВР која разгледува актите има поделени мислења за опсегот.

„Тоа е дел од анализата што ја прави работната група. Постојат поделени мислења, ќе излезе предлог од Министертството кој ќе оди во Секретаријатот за да се види дали предлозите кои ќе ги дава Комисјата во однос на опсегот на двојазичноста на униформите ќе биде на тоа ниво или ќе биде поголем или помал во зависност функционалната надлежност на организациските единици, односно на единици ко ја вршат оваа функција“,

изјави Несторовска за ТВ 24 коментирајќи ја објавата на Нухуи на Фејсбук.