Мбапе: Со добри трансфери убеден сум дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

0
178

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, верува дека неговиот тим може да ја освои Лигата на шампионите.
– Се разбира, јас сум оптимист дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Ова е како што треба, бидејќи ако не веруваме во ова, тогаш никој нема да верува за нас. Што се однесува до натпреварот со Баерн, ова е фудбал, мора да го поминете. Многу екипи го загубија финалето и го освоија трофејот една година подоцна. Очигледно ПСЖ порасна благодарение на ова финале. Претходно имавме бариера во четвртфиналната фаза, сега ја надминавме, истакна Мбапе.