Објавени новините од четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра

0
177

Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата.

„Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите“, рече Битиќи при презентирањето на мерките од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните креирани со цел ублажување на последиците од пандемијата со КОВИД-19.