Франција на удар 4000 заразени за еден ден

0
128

Во изминатите 24 часа, во Франција се регистрирани 4.070 нови случаи на коронавирус, објавија здравствените власти на таа земја.

Тоа е голем пад на дневниот број на пациенти во однос на саботата, кога биле регистрирани 14.412 заразени лица, како и во однос на вчера, кога се евидентирани 11.123 случаи.

Ројтерс, сепак, забележува дека бројот на пациенти во понеделник е секогаш помал затоа што се прават помалку тестови во недела.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 542.639 лица во Франција.Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми за 81, додека вчера бројката беше 27.

Вкупно 31.808 луѓе починале во Франција како резултат на оваа инфекција.