Заев за венчавката на Богдановиќ: Осудувам ако имало пораки на провокација

0
77

Премиерот Зоран Заев порача дека Северна Македонија ги поддржува своите соседи, на прашање за тоа дали ќе бара одговорност од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во Косово.

„Јас внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Центар. Тој тврди дека се оградува од поединци кои присуствувале на нивниот венчален момент. Ако имало порака на провокација, јас ја осудувам. Ние сме авангарда за „Едно општество за сите“. Ние нашите соседи ги поддржуваме“, додаде Заев.