Коронавирусот може да преживее на некои површини и до 28 дена

0
161

Научници во Австралија открија дека коронавирусот што предизвикува ковид-19 може да преживее на мазни површини најмногу 28 дена.

Истражувачите открија дека вирусот САРС-КОВ-2 бил „екстремно силен“ преживувајќи на мазни површини на 20 Целзиусови степени, во споредба со инфлуенца, која трае 17 дена во исти услови.

Тие, исто така, открија дека САРС-КОВ-2 престанува да биде заразен по околу 24 часа на 40 Целзиусови степени.

Научниците велат дека новиот коронавирус може да преживее на површини како хартиени банкноти, стакло и челик.

Меѓутоа, според германскиот Сојузен институт за проценка од ризици, досега не постојат случаи кај кои е докажан пренос на коронавирусот врз луѓе преку контакт со контаминирани предмети или површини и настаната инфекција по тој пат. Минатата недела претседателот на Аптекарската комора Клаус Рајнгарт оцени дури дека чистењето на површините во борбата против коронавирус е непотребно и надминато.