Поради драматичната состојба се мобилизира цел Клинички центар за помош на Инфективната клиника

од Министерството за здравство истакнаа дека подготвуваат дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период.

– На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Оттаму посочија дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.