ВИЗЕР ОТКАЖУВА ЛИНИИ ОД ПОРАНЕШНИ ЗЕМЈИ НА ЈУГОСЛАВИЈА, НА НАЈГОЛЕМ УДАР СКОПЈЕ

0
86

„Визер“ е во процес на суспендирање до 50 линии во земјите од поранешна Југославија, а секој град што го опслужува оваа компанија ќе биде на удар.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најголем број откажувања ќе има Скопје, главниот град на Северна Македонија, а потоа следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона, пишува порталот Екс-Ју Авијација.

Превозникот планира да обнови некои линии во ноември и декември, но мала е можност за тоа. Повеќето летови нема да бидат обновени до летната сезона следната година, која започнува кон крајот на март.