Во Косово, во понеделникот беа потврдени 205 нови случаи на коронавирус и три смртни случаи.

0
116

Во Косово, во понеделникот беа потврдени 205 нови случаи на коронавирус и три смртни случаи.

Како што објави Националниот институт за јавно здравје биле тестирани 943 примероци.

Во извештајот се наведува и дека во последните 24 часа 62 пациенти се закрепнале од коронавирусот.

Со овие бројки, вкупниот број на заразени со коронавирус на Косово достигнува 18.148, од жртвите 666 и од излекуваните 15.150. Според Националниот институт за јавно здравје активни се 2.332 случаи.