Германските власти алармираат дека можеби ќе има и 2000 заразени на дневна основа

0
86

Лотар Вилер, директор на германскиот Институт за јавно здравје, изјави дека земјата може да се соочи со нови 10.000 инфекции на ден, ако луѓето не се придржуваат до хигиенските мерки и социјалната дистанца, пишува Би-Би-Си.

“Јас сум сериозно загрижен за моменталната состојба. Не знаеме како ќе се развиваат работите во текот на следните неколку недели. Може да видиме повеќе од 10.000 нови случаи на ден. Вирусот може да започне неконтролирано да се шири”, изјави Лотар Вилер, раководител на Институтот Роберт Кох (РКИ).

Германија пријавила 5.058 нови случаи во последните 24 часа, што е најголем дневен број на нови инфекции од април и голем скок од вчерашните 2.828 нови случаи, според ДВ.

“Бројките покажуваат загрижувачки пораст. Малку други европски земји досега управуваа со пандемиската криза, како Германија. Не смееме да се коцкаме со она што го постигнавме”, изјави министерот за здравство, Јенс Шпан.