Груевски: Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене

0
79

Поранешниот премиер Никола Груевски чиј кум, Ристо Новачевски беше уапсен за „Плацевите на Водно“, истрага во којашто осомничен е и самиот тој, со статус на својот Фејсбук профил пишува дека и новата истрага е политички прогон против него и други луѓе за да се изнудат изјави против него.

Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта. Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа, напиша Груевски.