Заев: Ние никогаш тоа не би им го направиле на нашите браќа и пријатели Бугари

0
86

Ќе направиме се’ за што е можно побрзо наоѓање решение, затоа што пријателите си помаѓаат меѓусебно“, ветува македонскиот премиер Зоран Заев. Тој е уверен дека „согласно европските принципи, европските вредности, постои решение навистина за се’“.

Заев вели дека сите капацитети се вложени за изнаоѓање на решение на проблемот со Бугарија и за одржување на првата Меѓувладина конференција за преговори со ЕУ, но сепак не исклучува дека е можно да се случи и „да не се продолжи со овој чекор токму сега, до крајот на декември“:

„Знаете дека одлуката е консензуална, секоја земја членка може да стави на некој начин ограничување на продолжувањето на процесите, но искрено верувам дека тоа не е во интерес ниту на бугарскиот народ ниту на премиерот Борисов.“