ЗАРАЗЕН СО КОРОНА ИЗБЕГАЛ ОД БОЛНИЦА

0
74

Драма се случувала во градската општа болница „8-ми септември“ во Скопје откако во вечерните часови ковид центарот го напуштил пациент болен од коронавирус.

Се работи за бездомно лице кое било хоспитализирано. Настанот го потврди и МВР.

„Вчера во 21 часот и 30 минути од болницата „8 септември“ било пријавено дека од ковид центарот избегал пациент Б. И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу два часот поплноќ и вратено во болницата, велат од мвр.